MKinformer

your daily dose of news

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА ТЕШКАТА СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ПРИЛЕП – КАВАДАРЦИ: ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ, ПЕТМИНА ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ

04/11/2025 23:14

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на патот Плетвар – Кавадарци, во близина на селото Дреново, при што според првичните информации, две лица го загубиле животот, а петмина се здобиле со тешки повреди.

Според сведоштва, несреќата се случила на делницата меѓу Прилеп и Росоман, а сообраќајот бил целосно блокиран подолг временски период. На местото на настанот интервенирале екипи на Брзата помош, противпожарната единица и полициски службеници.

Случајот го потврди и доктор Ненад Лазаров, кој на својот фејсбук-профил напиша дека случајно се затекнал на местото на трагедијата и помогнал при укажување прва помош на повредените.
„Некои хорори е добро што е невозможно да се прераскажат. Како минувачи помагавме на тешка сообраќајка после Плетвар кон Кавадарци – двајца загинати и петмина тешко повредени, сите млади, најстариот околу 40 години. Ве молам возете внимателно, вакво нешто не сум видел за 15 години работа како лекар“, напиша Лазаров, додавајќи дека се надева сите повредени да ја добијат битката за живот.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата, а причините за трагедијата сè уште се утврдуваат.

error: Содржината е заштитена од копирање !!