MKinformer

your daily dose of news

Физичка пресметка во казино во Аеродром, се степале 70 годишник со 62 годишник

05/11/2025 15:06

На 4 ноември 2025 година, околу 21 часот, во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир во казино на подрачјето на општина Аеродром. Според полициските информации, инцидентот започнал со физичка пресметка меѓу две лица,  З.П. (70) и Ф.С. (62), двајцата од Скопје.

Според пријавата, претходно Ф.С. го нападнал синот на З.П., по што дошло до вербален и физички конфликт меѓу нив.

Полицијата извршила увид, а по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

error: Содржината е заштитена од копирање !!