(Видео)🔥 Страшен пожар во дом за стари лица во Тузла – најмалку девет загинати
05/11/2025 9:32
Трагедија ја потресе Тузла, во североисточна Босна и Херцеговина, каде што синоќа (вторник) избувна катастрофален пожар во дом за стари лица, во кој загинаа најмалку девет лица, а неколку се повредени, соопштија локалните власти.
Пожарот, според информациите на Avaz.ba, се проширил со неверојатна брзина, а интервенцијата на противпожарните екипи траела со часови. Дел од повредените се во критична состојба, а бројот на жртви сè уште не е конечен.
🚒 Екипите на терен се бореле со огнот со часови
Од Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон потврдија дека сите расположливи екипи биле упатени на местото на трагедијата. Пожарот бил локализиран околу 22 часот, но зградата е сериозно оштетена.
Пожарникарите и утрово ја разладуваат конструкцијата и пребаруваат делови од објектот, барајќи евентуални преживеани.

🏥 Пет лица хоспитализирани, повеќето со труење
Од Универзитетскиот клинички центар во Тузла информираат дека се згрижени најмалку пет лица, од кои повеќето се отруле со јаглерод моноксид. Состојбата кај некои од нив е сериозна.
Во текот на ноќта, возила на итната помош постојано пристигнувале на местото на несреќата.
🔎 Причината се уште непозната
Полицијата ја истражува точната причина за пожарот, но засега не излегува со официјални податоци.
Според неофицијални информации, можно е електричен спој или неисправен уред за греење да ја предизвикал трагедијата.
📹 Видео од местото на настанот
Телевизијата N1 објави видео снимки од местото на настанот, на кои се гледаат пожарникари и медицински екипи како извлекуваат луѓе од запалениот објект.





