Физичка пресметка во казино во Аеродром, се степале 70 годишник со 62 годишник
05/11/2025 15:06
На 4 ноември 2025 година, околу 21 часот, во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир во казино на подрачјето на општина Аеродром. Според полициските информации, инцидентот започнал со физичка пресметка меѓу две лица, З.П. (70) и Ф.С. (62), двајцата од Скопје.
Според пријавата, претходно Ф.С. го нападнал синот на З.П., по што дошло до вербален и физички конфликт меѓу нив.
Полицијата извршила увид, а по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.






