Охрид под лупа на полицијата: двајца обвинети за трговија со наркотични средства
09/11/2025 14:10
Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против С.К. (55) и М.Ц. (30), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик.
Според информациите на МВР, пријавените неовластено набавиле марихуана и кокаин, кои потоа ги препакувале во помали количини со намера за натамошна препродажба.
При претрес извршен по судска наредба во домот на С.К., полициските службеници од криминалистичката полиција пронашле и одзеле опаковки со марихуана и кокаин, како и други предмети со остатоци од дрога, кои ќе бидат доставени на понатамошна вештачење.
Со ова, двајцата осомничени се товарат за илегална трговија со наркотични средства, а случајот е предаден на надлежното обвинителство за понатамошна постапка.






