Облачно и дождливо време низ Македонија
10/11/2025 8:33
Денеска ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, при што се очекува во текот на 24 часа да наврнат над 30 литри дожд на метар квадратен, а можна е и појава на грмежи.
„Температурите ќе бидат во интервал од 6 до 18 степени“, се наведува во прогнозата на синоптичарите.
🌦️ Времето во Скопје:
Во главниот град ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни попладне.
-
🌡️ Минимална температура: околу 10 степени
-
🌡️ Максимална температура: до 17 степени
🌤️ Прогноза за наредните денови:
Во вторник попладне се очекуваат локални врнежи од дожд, по што до крајот на неделата времето ќе се стабилизира и ќе биде суво со пониски утрински температури.
Метеоролозите најавуваат дека со стабилизирањето на времето ќе следува постепено разведрување и сончеви периоди во повеќето региони на земјата.





