MKinformer

your daily dose of news

Велосипедист тешко повреден по судир со пешак во Скопје

13/11/2025 18:04

Скопјанец е тешко повреден откако со својот велосипед удрил во пешак на булевар „Партизански Одреди“ во главниот град, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Несреќата се случила на 12 ноември 2025 година, околу 16:15 часот, кога 38-годишниот Ж.П. од Скопје, управувајќи велосипед, удрил во пешак на коловозот.

Во инцидентот со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кој бил пренесен и задржан на лекување во Градската општа болница „8 Септември“.

Од МВР информираа дека увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје, а се работи на целосно расветлување на случајот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!