Сончево и стабилно време, со студени утра и дневни температури до 20 степени
13/11/2025 8:43
Денеска не очекува ведро и студено утро, а во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се движат од -3 до 5 степени, а максималните ќе достигнат од 14 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со слаба облачност и слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 2 степени, а дневната ќе достигне до 16 степени.
Во наредните денови се очекува стабилен и сув период со постудени утра и можност за појава на утринска магла во одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а дневните температури ќе останат без поголеми промени.





