MKinformer

your daily dose of news

Ѓорѓиевски: Јавните претпријатија ќе станат посилни, сметките нема да поскапат

14/11/2025 0:02

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва ги соопшти имињата на новите ВД директори во четири јавни претпријатија на Град Скопје. Како што истакна, назначувањата се направени со цел зајакнување на капацитетите, ефикасноста и функционалноста на претпријатијата, со фокус на подобрување на услугите за граѓаните.

Во ЈП „Улици и патишта“ за директор ќе биде именуван Борис Настов, кој претходно ја извршуваше истата функција на почетокот од мандатот на поранешната градоначалничка Данела Арсовска.

Во ЈП „Водовод и канализација“, нов в.д. директор ќе биде Иван Митровски, досегашен заменик-градоначалник на Општина Кисела Вода, каде важеше за искусен кадар со силен организациски капацитет.

ЈП „Комунална хигиена“ ќе го води Драги, човек со долгогодишно искуство во комуналниот сектор на Град Скопје, кој според градоначалникот, се истакнал со својата посветена работа за време на акцијата „72 часа“ и е познат по професионалниот, а не партиски ангажман.

Во ЈСП Скопје, на чело ќе биде назначен Саше, вработен со долгогодишно искуство во претпријатието и одлично познавање на процесите и системите на јавниот превоз.

Во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на „Канал 5“, Ѓорѓиевски потенцираше дека не станува збор за приватизација на јавните претпријатија, туку за нивно јакнење и модернизација.

„Ќе работиме на тоа јавните претпријатија да станат самоодржливи, поефикасни и со подобар сервис за граѓаните“, истакна градоначалникот.

Тој повтори дека сметките за граѓаните нема да поскапат:
„Тоа го ветив во кампањата и ќе го исполнам“ додаде Ѓорѓиевски.

error: Содржината е заштитена од копирање !!