MKinformer

your daily dose of news

Пронајден и санкциониран возачот кој го загрози сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка

17/11/2025 10:02

Полицијата го идентификува и казни возачот на камион кој денеска со несоодветно и опасно однесување го загрози движењето на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – Крива Паланка. Настанот, кој беше објавен на социјалните мрежи, предизвика бројни реакции поради ризикот што го создаде за другите учесници во сообраќајот.

По преземените мерки од страна на полициските службеници од СВР Куманово, пронајден е возачот С.С. од Куманово. На лицето му е издаден прекршочен платен налог, а дополнително му е наложено на лице место да го исчисти коловозот, сето тоа под надзор на полицијата.

Од надлежните служби најавуваат дека ќе продолжат со засилени контроли на регионалните патишта, со цел зголемување на безбедноста и спречување на слични инциденти.

error: Содржината е заштитена од копирање !!