Во Скопје облачно со слаб дожд и умерен југоисточен ветер
19/11/2025 8:52
Денеска времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, а најинтензивни врнежи се очекуваат претпладне во југозападните и јужните делови од земјата, каде што може да наврнат над 30 литри дожд на метар квадратен во текот на 24 часа.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје се очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд од послаб интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер.





