До крајот на неделата променливо време, следуваат дожд, грмежи и силен ветер
19/05/2026 6:54
Времето во Македонија денеска ќе биде облачно и нестабилно, со локален пороен дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во западните и југозападните делови, каде локално може да наврнат над 20 литри на метар квадратен.
Ќе дува засилен северозападен ветер, а температурите ќе бидат во опаѓање. Утринската температура ќе се движи од 5 до 13 степени, додека дневната ќе достигне од 16 до 24 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе се движи од 10 до 23 степени.
Според најавите, до крајот на неделата времето ќе остане променливо облачно со сончеви периоди. Сепак, утре, во петок и за време на викендот се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има услови и за невреме, со врнежи над 20 литри на метар квадратен и ветер што на места ќе надмине 70 километри на час. Во среда и во следните денови ќе дува и засилен северен ветер, со брзина над 50 километри на час.





