Oблачно со врнежи од дожд кои ќе бидат најинтензивни во јужните делови од земјата
06/12/2025 10:01
Денеска времето ќе биде претежно облачно на целата територија, со врнежи од дожд кои ќе бидат најинтензивни во јужните делови од земјата, каде локално се очекуваат над 40 литри на метар квадрат за 24 часа. Во утринските часови е можна појава на магла во котлините, а ќе дува слаб до умерен, повремено засилен северен ветер.
Минималните температури ќе се движат од 6 до 10 степени, додека максималните ќе достигнат 8 до 12 степени. Во Скопје се очекува облачно време со врнежи од дожд и слаб до умерен ветер од северен правец, со температури од 9 до 12 степени.
Според прогнозата на УХРМ, утре ќе има локални врнежи од дожд, кои ќе ослабат и ќе се намалуваат во текот на попладневните часови.
До крајот на неделата следува период на претежно стабилно време, со пораст на дневните температури, иако во котлините ќе продолжи појавата на магла.






