MKinformer

your daily dose of news

Пронајден е Вечко Милановски – синот потврди дека е жив и здрав

19/11/2025 12:17

Позитивен епилог на потрагата по исчезнатиот Вечко Милановски. Неговиот син, Андреј Милановски, преку објава на социјалните мрежи соопшти дека татко му е успешно пронајден и дека е во добра здравствена состојба.

Фала ви на сите, го најдовме. Добар е, жив и здрав, фала Богу“, напиша Андреј, упатувајќи јавна благодарност до сите кои помогнаа, споделија информации и учествуваа во потрагата.

Оваа вест доаѓа по целодневна мобилизација на јавноста, откако претходно беше објавен апел за помош за лоцирање на Милановски. Последниот познат контакт со него бил на 18 ноември 2025 година, околу 12:50 часот, во кругот на Клиниката за онкологија „Мајка Тереза“. Оттогаш, му се губел секаква трага, што предизвика загриженост кај семејството и пошироката јавност.

Апелот брзо се прошири на социјалните мрежи, а граѓаните активно се вклучија во споделување на информацијата со надеж за побрзо пронаоѓање. За среќа, потрагата заврши успешно.

По неколку дена неизвесност, Вечко Милановски е безбедно пронајден и е добро. Семејството се заблагодари за поддршката и солидарноста што ја покажаа граѓаните во овој чувствителен момент.

error: Содржината е заштитена од копирање !!