MKinformer

your daily dose of news

Полицијата го уапси Аца Лукас сред настап во Кавадарци, без никакво објаснување

22/11/2025 12:34

Настанот во Кавадарци синоќа предизвика бројни реакции, откако српскиот фолк-пејач Аца Лукас беше приведен од страна на полицијата во текот на својот настап во кафулето „Рома“. Концертот бил прекинат нагло и без јасно образложение, што предизвика револт меѓу присутните гости.

Според фотографии и сведоштва објавени на социјалните мрежи, полицијата влегла во објектот и го одвела пејачот пред очите на публиката. До овој момент, Министерството за внатрешни работи не излезе со официјално соопштение, ниту даде причина за ваквата интервенција.

Дел од медиумите шпекулираат дека концертот бил прекинат бидејќи Лукас носел македонско знаме на настапот, информација која сè уште не е потврдена од официјалните институции. Недостигот на транспарентност и навремена реакција од страна на МВР отвора дополнителни прашања и ја засилува критиката кон постапката на полицијата.

Граѓаните кои присуствувале на настапот изразуваат незадоволство, наведувајќи дека немало никаква видлива причина концертот да биде прекинат, ниту пак било дадено објаснување на публиката.

Од МВР се очекува во текот на денот да соопшти официјални информации за случајот и да разјасни зошто дошло до приведување на изведувачот и прекин на настапот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!