MKinformer

your daily dose of news

Полициска акција во Скопје, Куманово и други градови поради сомнение за злоупотреба на службена должност

25/11/2025 11:44

Утрово се спроведува координирана полициска акција на повеќе локации низ државата, вклучително и во Скопје и Куманово, поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службена должност.

Од МВР потврдија дека акцијата се реализира во соработка со Основното јавно обвинителство Скопје и дека се вршат претреси на адреси поврзани со лицата под истрага. За сега не се соопштуваат детали за бројот на приведени или за институциите кои се опфатени, бидејќи активностите сè уште траат.

Надлежните најавија дека повеќе информации ќе бидат објавени по завршување на акцијата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!