MKinformer

your daily dose of news

Во Штип започна судскиот процес против пет турски државјани обвинети за убиството на Енес Оздемир

27/11/2025 17:23

Под силни полициски обезбедувања и во присуство на бројни граѓани и роднини на жртвата пристигнати од Турција, во Штип започна судењето за петмина турски државјани обвинети за убиството на Енес Оздемир, што се случи во мај оваа година. Поради големиот интерес и безбедносните процени, рочиштето наместо во Основниот суд беше преместено во големата сала на Апелациониот суд.

Штипското обвинителство на 4 октомври поднесе обвинителен акт во кој 21-годишен осомничен се товари како директен извршител на убиството, како и за недозволено поседување оружје. Тројца други се обвинети за помагање при извршувањето, додека една обвинета се терети за помош по сторено кривично дело.

Според обвинението, Оздемир бил убиен со огнено оружје со избришан сериски број во угостителски локал во центарот на Штип. Помагачите, според тврдењата на обвинителството, обезбедиле превоз, засолниште и оружје за бегство и прикривање на трагите од делото.

Одбраната на главниот обвинет денеска побара преквалификација на делото и предложи нови докази, со кои инсистира случајот да се води како „убиство од небрежност“, а не како намерно убиство.

Судскиот процес продолжува, а интересот на јавноста е исклучително голем.

error: Содржината е заштитена од копирање !!