MKinformer

your daily dose of news

ВАЖНО !!! Од утре стартува „Безбеден град“: До Нова година само предупредувања, од јануари казни

30/11/2025 19:35

Од утре започнува тест-работењето на новиот систем на МВР, „Безбеден град, безбедна држава“, преку кој камерата мрежа на „Сејф сити“ автоматски ќе регистрира сообраќајни прекршоци и ќе ги идентификува прекршителите. Сите возачи ќе бидат под засилено електронско надзорување, но до крајот на годината ќе добиваат само предупредувања, без парични санкции.

Од јануари 2026 година системот ќе започне со целосна примена и ќе се изрекуваат казни за сите документирани прекршоци.

„Сторителите на прекршоци регистрирани преку системот „Безбеден град“ ќе бидат санкционирани согласно одредбите за максимално дозволена брзина. Нема да има толеранција, без разлика дали прекршокот е направен во населено или ненаселено место“, изјави потпаролот на МВР, Гоце Андреевски.

Институцијата очекува дека системот ќе ја зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе го намали бројот на прекршоци, иако дел од јавноста веќе отвора прашања околу приватноста и транспарентноста на автоматизираното санкционирање.

error: Содржината е заштитена од копирање !!