MKinformer

your daily dose of news

Санкционирани 63 пијани возачи за 24 часа, осуммина лишени од слобода

17/08/2026 22:50

Санкционирани 63 пијани возачи во текот на изминатата ноќ во акциска контрола што ја спроведе Министерството за внатрешни работи на територијата на целата држава.

Контролата била спроведена во периодот од 23:00 до 05:00 часот, а била насочена кон возачи кои управувале возило под дејство на алкохол.

Осум возачи лишени од слобода

Од вкупно санкционираните возачи, 12 биле евидентирани на територијата на СВР Битола, а ист број и на подрачјето на СВР Куманово.

По девет возачи биле санкционирани на териториите на СВР Велес и СВР Охрид.

Од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата биле санкционирани уште четворица возачи под дејство на алкохол.

Во текот на контролата, осум возачи биле лишени од слобода согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Скопски алко-рекордер: Камен пијан со 3,29 промили алкохол предизвикал сообраќајка, полицијата го уапси

Уште 162 други сообраќајни прекршоци

Покрај прекршоците поврзани со управување возило под дејство на алкохол, полицијата санкционирала и 162 други сообраќајни прекршоци.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови.

Полицијата повторно апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите.

Во последната акциска контрола беа санкционирани 63 пијани возачи, а осуммина од нив беа лишени од слобода.

error: Содржината е заштитена од копирање !!