MKinformer

your daily dose of news

Макрон во државна посета на Кина од 3 до 5 декември по покана на Си Џинпинг

01/12/2025 16:35

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе престојува во Кина од 3 до 5 декември, по официјална покана од кинескиот претседател Си Џинпин, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

Според кабинетот на францускиот претседател, Макрон најпрво ќе пристигне во Пекинг, а потоа ќе отпатува и во Ченгду, во југозападната провинција Сечуан.

Елисејската палата наведува дека визитата ќе биде фокусирана на продлабочување на соработката меѓу двете земји, со посебен акцент на економските и трговските односи. Макрон ќе се заложи за „рамнотежа и поголема стабилност“ во билатералните економски партнерства, пренесуваат француските медиуми.

error: Содржината е заштитена од копирање !!