MKinformer

your daily dose of news

ЦЕЛ ГРАД БЕЗ ВОДА: Гостивар без вода, градежна фирма оштети клучни доводни цевки

01/12/2025 16:27

Гостивар и околните населени места од денеска се соочуваат со целосен прекин на водоснабдувањето, откако градежна механизација при изведување ископ оштети две клучни доводни водоводни цевки. Од ЈП „Комуналец“ информираат дека се работи за сериозен дефект на главниот цевковод, кој ја снабдува општината со вода од изворот на Вардар.

Според првичните информации, оштетени се главната цевка со дијаметар од 500 мм и дополнителна линија од 200 мм. Инцидентот бил предизвикан од механизацијата на компанијата Бехтел & Енка, изведувач на автопатот Коридор 8, која, како што велат од претпријатието, работела без претходно известување и координација.

„Поради сериозното оштетување на главниот довод, целата територија на Гостивар останува без вода до понатамошно известување“, посочуваат од ЈП „Комуналец“, додавајќи дека нивните технички екипи се на терен и работат на итна санација.

Од претпријатието апелираат граѓаните да не ја користат водата која сè уште ја има во системот, бидејќи не постои потврда за нејзината здравствена исправност, ниту пак за нејзиниот хемиски и бактериолошки состав.

error: Содржината е заштитена од копирање !!