MKinformer

your daily dose of news

Домати, зелка, банани, петарди, петарди-Во комбе со овошје и зеленчук криел 1.100 парчиња пиротехника

02/12/2025 11:50

Полицијата во Куманово вчера во 12:20 часот го приведе 58-годишниот З.Д. од селото Тромеѓа, откако при рутинска контрола било откриено дека незаконски продава пиротехника.

При преглед на неговото возило „Citroën Berlingo“ на улицата „Бранко Богдански Гуцман“, со кое продавал овошје и зеленчук, полициските службеници пронашле околу 1.100 различни пиротехнички средства, кои веднаш биле одземени.

Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава.

error: Содржината е заштитена од копирање !!