Пронајдени над 9.000 пиротехнички средства во Гостивар, едно лице лишено од слобода
28/12/2025 13:42
Полициски службеници од Полициската станица во Гостивар пронајдоа и одзедоа 9.095 парчиња разновидни пиротехнички средства, при што едно лице е лишено од слобода.
Како што информира Министерство за внатрешни работи, на 27 декември 2025 година во 22:50 часот, полициски службеници го лишиле од слобода А.К. (43) од Гостивар, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик.
При преглед на неговото патничко моторно возило „БМВ“ со гостиварски регистерски таблички, во багажниот простор биле пронајдени и одземени 9.095 парчиња пиротехнички средства од различен вид.
Осомничениот бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна кривична пријава, информираат од МВР.

![Пoднeceн oбвинитeлeн aкт пpoтив ocyм лицa, пpипaдници нa ИCИC policija-mk-777x437-225346[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mk-777x437-2253461.jpg)




