MKinformer

your daily dose of news

Казнети 10 осигурителни компании: Здружено ги покачување цените на авто осигурувањето

03/12/2025 14:41

Комисијата за заштита на конкуренцијата изрече вкупни казни од 17.266.930 денари на десет осигурителни компании поради картелско договарање на цените на задолжителното осигурување од автомобилска одговорност, што секој сопственик на моторно возило мора да го плати при регистрација.

Според соопштението на Комисијата, постапката утврдила усогласено однесување меѓу следните компании:
ЕВРОИНС, Триглав осигурување, Македонија – Виена Иншуренс Груп, Сава осигурување, Еуролинк, Граве, Уника, Осигурителна Полиса, Халк осигурување и Кроација осигурување.

Истражувањето покажало дека во периодот од 1 март до 7 мај 2024 година, компаниите разменувале чувствителни информации, координирале активности и во исклучително краток рок донеле идентични или усогласени одлуки за зголемување на делот од премијата познат како „режиски додаток“.

Од Комисијата појаснуваат дека ваквото однесување претставува ограничување на конкуренцијата по своја цел, што според член 7 од Законот за заштита на конкуренцијата е најтешка форма на повреда. Координираното однесување и размената на информации ги заменува независните деловни одлуки со колективно наметната политика, што е строго забрането и штетно за пазарот и потрошувачите.

Со оваа одлука, Комисијата испрати јасна порака за нулта толеранција кон картелски практики во осигурителниот сектор.

error: Содржината е заштитена од копирање !!