MKinformer

your daily dose of news

Белград без дочек: Шапиќ ги откажува новогодишните прослави поради безбедносни причини

11/12/2025 21:49

Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, соопшти дека годинава градот нема да организира дочек на Новата ниту на Старата Нова година, поради зголемени безбедносни ризици и опасност за малолетниците кои најчесто присуствуваат на овие настани.

Шапиќ потсети дека на минатогодишниот пречек имало ситуација во која група луѓе се обиделе да навлезат меѓу присутните, што, според него, можело да доведе до сериозен инцидент. „Не сакам да ризикувам да повредиме некое дете. Што и да сакаа тие луѓе, ризикот не го преземаме повторно“, изјави тој.

Тој додаде дека обезбедувањето и дел од полицијата успеале да го блокираат обидот, но дека доколку бариерите биле пробиени, ситуацијата би можела да ескалира и да се префрли на Студентскиот плоштад, каде истовремено имало друг собир.

Градоначалникот нагласи дека Белград нема да организира големи јавни прослави сè додека не се исполнат условите за нивно безбедно и „нормално“ одржување.

error: Содржината е заштитена од копирање !!