Притвор за насилникот кој упадна во редакцијата на „Инфомакс“, бил гневен поради критиките за премиерот
11/12/2025 18:18
Основното јавно обвинителство Скопје покрена постапка против едно лице осомничено за кривично дело „Насилство“ по член 386 став 3 во врска со став 1, како и „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Според обвинителството, осомничениот синоќа насилно влегол во студиото на „Инфомакс“ додека се емитувала програма во живо. Тој ја скршил надворешната врата и уште две врати во објектот, по што започнал агресивно да се однесува, упатувајќи закани за убиство кон двајца новинари, гостин и уште еден вработен, тврдејќи дека биле изречени навреди за премиерот.
Во обид да се доближи до еден од новинарите, осомничениот замавнувал, фрлал чаши, ги туркал и ги влечел присутните, по што тие успеале да го изнесат надвор и да повикаат полиција.
Нападот го прекинал емитувањето на програмата и предизвикал страв и чувство на загрозеност кај сите присутни, наведуваат од обвинителството.
Јавниот обвинител предложи определување мерка притвор за осомничениот. Поради информации за неговата претходна здравствена состојба, во постапката ќе биде наредено и психијатриско вештачење.






![Пoднeceн oбвинитeлeн aкт пpoтив ocyм лицa, пpипaдници нa ИCИC policija-mk-777x437-225346[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mk-777x437-2253461.jpg)