MKinformer

your daily dose of news

Возач на автобус натепал свој колега кај Транспортен Центар

12/12/2025 18:38

Возач на автобус од Скопје пријавил дека бил физички нападнат од свој колега во автобус кој бил паркиран кај Транспортниот центар во главниот град.

Како што информираат од полицискиот билтен, на 11 декември 2025 година околу 10:00 часот во СВР Скопје, Б.С. (57) од Скопје пријавил дека по претходно недоразбирање бил нападнат од М.Р., исто така возач на автобус.

Инцидентот се случил во автобус кој во моментот бил паркиран во близина на Транспортниот центар во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!