Антициклон го зафаќа Балканот: Стабилно, суво и невообичаено топло време цела следна недела
13/12/2025 10:24
Според најновите метеоролошки анализи, регионот и понатаму останува под влијание на силно поле на висок воздушен притисок што се протега од југ. Антициклoнот ќе ја задржи својата доминација над целиот Балкан и Македонија во текот на целата следна седмица, носејќи стабилно, суво и натпросечно топло време за овој дел од декември.
Температурите во земјава, но и во поширокиот регион, ќе бидат осетно повисоки од климатските вредности за овој период од годината. Исто така, врнежи се неочекувани – прогнозите укажуваат дека ќе продолжи исклучително суво време, со значително пониски количини на врнежи од вообичаеното за декември.
Во услови на силен антициклон, ќе продолжи појавата на магла и ниска облачност, особено во котлините. Тие ќе бидат најизразени во утринските и ноќните часови, локално со намалена видливост и потенцијално отежнат сообраќај.


![Нe излeгyвajтe oд дoмa: Cлeднатa нeдeла можни тeмпepaтури кaкви штo никoгаш cмe нeмaлe toplo-vremeeeee-650x396[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/06/toplo-vremeeeee-650x3961-1.jpg)


