MKinformer

your daily dose of news

Мажи на возраст од 25 и 36 години пронајдени починати во Скопје

13/12/2025 10:54

Двајца млади скопјани, на 25 и 36 години, биле пронајдени мртви во два одделни случаи во текот на изминатото деноноќие.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, првиот случај бил евидентиран околу 00:20 часот, кога во напуштена куќа на подрачјето на Центар бил затекнат без знаци на живот Е.Р. (25) од Скопје.

Во вториот случај, полицијата била известена дека во дом на негов пријател во населбата Кисела Вода бил пронајден починат Б.П. (36) од Скопје.

Екипите на Итната медицинска помош во двата случаи утврдиле дека нема видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телата се предадени на обдукција за утврдување на причините за смртта. Засега нема дополнителни информации поврзани со околностите под кои настапиле двата смртни случаи.

error: Содржината е заштитена од копирање !!