MKinformer

your daily dose of news

Коруновски објави видео од тест возењето на обновениот и модернизиран воз “Шпанец”

13/12/2025 11:22

Директорот за влеча и одржување на возните средства и член на Управниот одбор на „Македонски железници – Транспорт“, Игор Коруновски, сподели видео од првото тестирање на целосно обновениот легендарен воз „Шпанец“.

Во објавата Коруновски истакнува дека возот, кој со години беше речиси отпишан, повторно се враќа во функција по опсежна модернизација. Обновениот состав добива целосно нов изглед, современи телевизори, аудио системи, алармни уреди и видео надзор, со што значително се подигнува нивото на удобност и безбедност при патување.

Како што наведува Коруновски, подготовките на возот се во завршна фаза, а целта е патниците да добијат комфорен и сигурен превоз во согласност со современите стандарди.

error: Содржината е заштитена од копирање !!