Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка
16/12/2025 12:57
Јавниот обвинител на Република Македонија, Љупчо Коцевски, официјално поднесе барање за престанок на функцијата, информирајќи го Собранието дека се повлекува од позицијата пред расправата за негово разрешување.
Во писменото барање доставено до Собранието, Коцевски наведува дека за 16 декември 2025 година во 11 часот е закажана 76. седница, на која треба да се разгледува Предлог за негово разрешување. Согласно Законот за јавно обвинителство, тој решил сам да побара престанок на функцијата.
– Во смисла на член 86 став 1 алинеја 1 од Законот за јавно обвинителство, поднесувам барање за престанок на функцијата Јавен обвинител на Република Македонија, се наведува во документот.

Коцевски, повикувајќи се на член 86, став 2 од истиот закон, побарал Собранието на закажаната седница да го утврди престанокот на неговата функција.
Со ова барање, практично се отвора пат за формално завршување на неговиот мандат без гласање за разрешување, а повеќе детали за понатамошната постапка и изборот на нов јавен обвинител се очекуваат по седницата на Собранието.



