MKinformer

your daily dose of news

Трамп: Украина веќе изгуби територија, се работи на безбедносни гаранции

16/12/2025 10:05

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина веќе изгубила дел од својата територија, коментирајќи ги можните безбедносни гаранции за Киев кои би биле слични на Член 5 од НАТО, но без формално членство во Алијансата.

На новинарско прашање каков поттик би имала Украина да се откаже од територија доколку добие ваква безбедносна гаранција, Трамп беше дециден дека реалноста на теренот е веќе јасна.

– Тие веќе ја изгубија територијата, знаете, да бидеме искрени. Територијата е изгубена, изјави Трамп.

Тој нагласи дека САД активно работат на обезбедување долгорочни безбедносни гаранции, во соработка со европските сојузници, со цел да се спречи повторно избувнување на конфликтот.

– Во однос на безбедносната гаранција, работиме на тоа, работиме со Европа на тоа. Европа би била голем дел од тоа. Работиме на безбедносна гаранција за да не започне војната повторно. Не сакаме повторно да започне војна, додаде американскиот претседател.

Изјавата на Трамп доаѓа во период на интензивни дипломатски разговори за идниот безбедносен аранжман за Украина, додека членството во НАТО останува отворено и чувствително прашање.

error: Содржината е заштитена од копирање !!