MKinformer

your daily dose of news

Германија и Британија му кажаа „не“ на Трамп: НАТО нема да влезе во Ормутскиот теснец

16/03/2026 15:26

Германија и Велика Британија јасно се дистанцираа од идејата на американскиот претседател Доналд Трамп. Тие порачаа дека  НАТО нема да влезе во Ормутскиот теснец. Обајви БалканВеб.

Од Берлин порачаа дека актуелната војна на Блискиот Исток, која почна со американско-израелските напади врз Иран, не е војна на НАТО и не спаѓа во мандатот на Алијансата.

Берлин: Ова не е мисија на НАТО

Портпаролот на германскиот канцелар Фридрих Мерц, Штефан Корнелиус, изјави дека НАТО е сојуз за територијална одбрана и дека во сегашната ситуација нема основа за негово ангажирање.

Според него, конфликтот на Блискиот Исток нема врска со формалната улога на Алијансата.

И германскиот министер за надворешни работи Јохан Вандевол посочи дека Берлин не гледа простор НАТО да преземе одговорност за блокадата на Ормутскиот теснец.

Тој порача дека досега нема никаква одлука на Алијансата во таа насока, ниту индикација дека НАТО би можел да ја преземе таквата улога.

Германија бара појаснување од САД и Израел

Германската страна побара појаснување од Вашингтон и Тел Авив. Барањето се ондесува на тоа до каде планираат да одат со воените операции против Иран.

Според Вандевол, најважно е САД и Израел да објаснат кога ќе сметаат дека нивните воени цели се постигнати.

Со тоа, Берлин јасно покажува дека не сака автоматски да застане зад секој следен чекор на Вашингтон во кризата.

Лондон: Решението не е НАТО, туку коалиција на партнери

Слична порака стигна и од Лондон. Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека планот за повторно отворање на теснецот не е мисија на НАТО.

Тој нагласи дека никогаш не било предвидено Алијансата формално да ја преземе таа задача.

Според Стармер, станува збор за можен ангажман на поширока група партнери, вклучувајќи европски земји, држави од Заливот и САД.

Ако сојузниците не помогнат, НАТО го чека „многу лоша иднина“

Трамп врши притисок врз сојузниците

Претходно, Доналд Трамп го засили притисокот врз европските сојузници да помогнат во заштитата на Ормутскиот теснец.

Тој предупреди дека НАТО го чека „многу лоша“ иднина ако земјите членки не застанат зад Вашингтон.

Нивните реакции покажуваат дека клучни европски сили не сакаат НАТО да биде вовлечен во оваа фаза од кризата.

2 thoughts on “Германија и Британија му кажаа „не“ на Трамп: НАТО нема да влезе во Ормутскиот теснец

Comments are closed.

error: Содржината е заштитена од копирање !!