MKinformer

your daily dose of news

МЖСПП пушти нов веб портал и мобилна апликација за следење на квалитетот на воздухот

17/12/2025 14:16

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) денеска информираше дека во употреба е новиот веб портал за следење на квалитетот на воздухот, достапен преку постојната интернет-адреса air.moepp.gov.mk.

Како и досега, податоците од сите државни мониторинг станици може да се следат во реално време, но новина е тоа што мерењата сега се прикажуваат и според нов индекс за квалитет на воздух. Овој индекс е целосно усогласен со Европскиот индекс за квалитет на воздух, кој официјално започна со примена од 4 јули 2025 година.

Од Министерството посочуваат дека новата веб-страница нуди значително подобрени перформанси, појасен приказ на податоците и унапредени аналитички алатки. Посебен акцент е ставен на анализите за надминување на граничните вредности на загадувачите во тековната година, како и на деталните годишни анализи за претходните години.

Покрај веб-порталот, МЖСПП пушти и мобилна апликација за следење на квалитетот на воздухот, наменета за корисници на Android и iOS уреди. Линковите за преземање на апликацијата се достапни директно на официјалната веб-страница.

Од Министерството очекуваат дека новите дигитални алатки ќе придонесат за поголема транспарентност и подобра информираност на граѓаните за состојбата со квалитетот на воздухот во земјава.

error: Содржината е заштитена од копирање !!