Обвинение за напаѓачот кој упадна во студиото на „Инфомакс“ и ги загрози новинарите и гостинот во емисијата
18/12/2025 11:18
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истрагата и поднесе обвинение против едно лице за кривичните дела насилство и спречување службено лице во вршење службено дејствие.
Обвинетиот, на 10 декември, извршил насилен упад во просториите на дневно-информативниот медиум „Инфомакс“ и физички и вербално ги загрозил двајцата новинари и нивниот гостин, со што спречил нормално одвивање на емисијата „Тешки муабети“, која во тој момент се емитувала во живо на YouTube и социјалните мрежи.
Претходно, тој испраќал навредливи и заканувачки пораки во коментарите на стримот, реагирајќи на критиките упатени кон премиерот. Потоа се појавил пред студиото, насилно ја отворил портата, ја искршил влезната врата и упаднал внатре, што го прекинало преносот.
Еден од новинарите се обидел да го спречи напаѓачот да влезе во студиото, но обвинетиот продолжил да се заканува по живот, да вика, да пцуе и да замавнува кон присутните, дури фрлил и чаша. Новинарите повикале полиција и во меѓувреме успеале да го изнесат надвор.
Според вештачењето, и покрај претходно постојната душевна состојба, обвинетиот делото го извршил во состојба на пресметливост. Обвинителството предложи продолжување на мерката притвор за да се обезбеди неговото присуство во постапката.
ОЈО Скопје посочува дека сите случаи кои се поврзани со напади врз новинари и загрозување на слободата на говор се третираат со највисок приоритет.




![Пoднeceн oбвинитeлeн aкт пpoтив ocyм лицa, пpипaдници нa ИCИC policija-mk-777x437-225346[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mk-777x437-2253461.jpg)
![Зaпoчнyвa oпepaциjaтa “Cмeнa нa Русковска”, eкc oбвинитeл oд СЈО глaвeн кaндидaт зa нacлeдник vilma-Ruskovska-696x487[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/vilma-Ruskovska-696x4871-1.jpg)