MKinformer

your daily dose of news

Добија високи меѓународни функции и се почастија кафе

20/12/2025 23:03

Двете поранешни министерки од првиот владин состав на поранешниот премиер Зоран Заев, Радмила Шекеринска и Рената Дескоска, се сретнаа на неформална кафе-дружба, објавено е на социјалните мрежи.

Шекеринска, која во периодот на владата на Заев ја извршуваше функцијата министерка за одбрана, во меѓувреме беше избрана за заменик генерален секретар на НАТО, една од највисоките функции што досега ги имал македонски функционер во Алијансата.

Рената Дескоска, поранешна министерка за правда, пред една недела беше избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија при Советот на Европа, тело кое има клучна улога во уставното право и владеењето на правото во европските држави.

Фотографијата од средбата ја објави Дескоска на својот Фејсбук профил со краткиот опис: „Кафе во убаво друштво…“, што предизвика реакции и коментари во јавноста, „Дали функциите им се награда за нивната работа, спротивно на вољата на народот, а во интерес на некои ЕУ држави?“.

error: Содржината е заштитена од копирање !!