MKinformer

your daily dose of news

Трамп: На САД им е потребен Гренланд за национална безбедност, не за минерали

23/12/2025 10:26
President Donald Trump speaks during a Cabinet Meeting in the East Room of the White House, Tuesday, May 19, 2020, in Washington. (AP Photo/Evan Vucci)

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави имаат потреба од Гренланд поради „национална заштита“ и нагласи дека „ние мора да го ја имаме“. Во одговор на прашање на Би-Би-Си, Трамп рече дека Вашингтон „ќе мора да го реши тоа“ и појасни дека интересот на САД е безбедносен, а не поврзан со експлоатација на минерални ресурси.

Изјавите следуваат откако Трамп го назначи Џеф Ландри, републикански гувернер на Луизијана, за специјален пратеник за Гренланд – потег што повторно отвори спор со Данска. Ландри претходно соопшти дека е „почестен што служи за Гренланд да стане дел од Соединетите Американски Држави“.

Како реакција, премиерката на Данска Мете Фредериксен и премиерот на Гренланд Јенс-Фредерик Нилсен во заедничка изјава повторија дека очекуваат почитување на нивните државни и територијални граници.

error: Содржината е заштитена од копирање !!