(Видео)Трамп со закана: Подобро да ни го дадат Гренланд на „лесен начин“, ако не ќе го земеме на „потешкиот начин““
10/01/2026 12:13
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно предизвика бурни реакции со серија изјави во кои отворено порача дека САД мора да воспостават контрола врз Гренланд, предупредувајќи дека во спротивно тоа ќе го сторат Русија или Кина.
„Ако ние не го направиме тоа, Русија или Кина ќе го преземат Гренланд, а ние нема да дозволиме Русија или Кина да ни станат соседи. Во ред?“, изјави Трамп, нагласувајќи дека за Вашингтон ова е прашање на национална безбедност.
Тој додаде дека преферира договор „по лесен пат“, но остави јасна закана доколку тоа не се случи.
„Би сакал да направиме договор на лесен начин. Но ако не оди на лесен начин, ќе оди на тежок начин“, рече американскиот претседател.
Спор со Данска и НАТО
Во своите изјави, Трамп директно го оспори и суверенитетот на Данска врз островот.
„Јас сум фан на Данска, навистина. Но фактот што нивен брод се истовари таму пред 500 години не значи дека ја поседуваат земјата“, рече тој.
Посебно контроверзен беше и неговиот коментар за НАТО, во кој си припиша заслуги за опстанокот на Алијансата.
„НАТО мора да го разбере тоа. Јас сум за НАТО. Јас го спасив НАТО. Да не бев јас, денес немаше ни НАТО“, изјави Трамп.
Овие изјави предизвикаа силни реакции кај аналитичарите и дипломатите, кои предупредуваат дека ваквата реторика претставува опасен преседан, отвора прашања за територијален интегритет на сојузничка земја и може сериозно да ги наруши односите во рамки на НАТО.
Гренланд, како автономна територија во рамки на Данска, досега јасно стави до знаење дека не е на продажба, додека Копенхаген повеќепати ги отфрли сите идеи за промена на суверенитетот на островот.
TRUMP: “If we don’t do it, Russia or China will take over Greenland, and we’re not going to have Russia or China as a neighbor. Okay?”
“I would like to make a deal the easy way. But if we don’t do it the easy way, we’re going to do it the hard way.”
“I’m a fan of Denmark…but,… pic.twitter.com/xDuqtD4yKT
— Fox News (@FoxNews) January 9, 2026




