MKinformer

your daily dose of news

🔴 Жители на Серава ја блокираа Пластичарска поради исклучена струја од ЕВН

23/12/2025 20:15

Група жители од скопската населба Серава денеска организираа спонтан протест со блокада на улицата Пластичарска, во непосредна близина на булеварот „Никола Карев“, изразувајќи револт поради исклучување на електричната енергија од страна на ЕВН Македонија.

Според информации од терен до кои дојде МК ИНФОРМЕР, на протестот учествуваат околу 50 – 60 граѓани, кои излегоа на улица откако, како што велат, без најава останале без струја. Поради блокадата, сообраќајот на булеварот „Никола Карев“ е целосно пренасочен во двата правци, што предизвика значителни застои и отежнато движење во овој дел од Скопје.

На местото на настанот се присутни надлежни служби, кои ја следат ситуацијата и интервенираат со цел да се одржи јавниот ред и безбедност, како и да се регулира сообраќајот. Присутните граѓани велат дека исклучувањето на електричната енергија им создало сериозни проблеми во секојдневието, особено за домаќинствата и малите бизниси во населбата.

Засега нема информации за инциденти или нарушување на јавниот ред, а од надлежните институции и од ЕВН се очекува официјално појаснување за причините за исклучувањето и можните решенија за настанатата состојба.

error: Содржината е заштитена од копирање !!