MKinformer

your daily dose of news

Украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од парк во Центар

27/12/2025 21:35

Вчера претпладне било пријавено дека е украдена спомен-бистата на народниот херој Вера Јоциќ од парк на подрачјето на општина Центар во Скопје.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 26 декември 2025 година во 11:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека непознат сторител ја одзел бистата поставена во паркот, по што е започната постапка за расчистување на случајот.

Од полицијата наведуваат дека се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и за враќање на украдениот споменик.

Кражбата на бистата предизвика реакции во јавноста, со оглед на историското и симболично значење на Вера Јоциќ како народен херој и учесник во Народноослободителната борба.

error: Содржината е заштитена од копирање !!