MKinformer

your daily dose of news

Седум продолжени викенди во 2026 година во Македонија

05/01/2026 9:43

Во 2026 година македонските граѓани ќе имаат можност за дури седум продолжени викенди, благодарение на распоредот на државните и верските празници, кои паѓаат во петок, понеделник или во недела, со законско префрлање на неработниот ден.

Од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, дури седум овозможуваат поврзување со викендот, што значи повеќе можности за кратки одмори и патувања во текот на годината.

Првиот продолжен викенд започнува со Рамазан Бајрам, кој во 2026 година се паѓа на петок, 20 март. Веќе во април следи уште еден подолг одмор поради Велигден, кога понеделник, 13 април, е неработен за сите граѓани, додека Велики петок, 10 април, е неработен за граѓаните од православна вероисповед.

Продолжени викенди ќе има и за:

  • 1 Мај – Денот на трудот, кој се паѓа во петок

  • 24 Мај – Св. Кирил и Методиј, кој е во недела, а неработен ден е понеделник, 25 мај

  • 2 Август – Денот на Републиката, со неработен понеделник на 3 август

  • 11 Октомври – Денот на народното востание, кој паѓа во недела, а се префрла на понеделник, 12 октомври

  • 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, кој е во петок

Дополнителни продолжени викенди ги очекуваат и граѓаните од православна вероисповед, бидејќи празниците Богојавление (19 јануари), Духовден (29 мај) и Успение на Пресвета Богородица (28 август) се паѓаат во петок или понеделник.

Покрај тоа, согласно Законот за празниците, во 2026 година се предвидени и неработни денови за граѓаните од католичка, муслиманска, како и за припадниците на албанската, српската, ромската, влашката, еврејската, бошњачката и турската заедница во државата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!