Градоначалникот на Кичево апелира на смиреност: Храната се доставува координирано
09/01/2026 10:10
Градоначалникот на Кичево, д-р Александар Јовановски, преку објава на Фејсбук информира дека состојбата во општината постојано се следи и дека сите релевантни институции и општествено одговорни компании се активно ангажирани на терен.
„Под будно око ја следиме состојбата, додека сите релевантни субјекти и општествено одговорни фирми се активни и на терен“, напиша Јовановски.
Тој појасни дека доставувањето на храна се одвива непречено и исклучиво преку Кичево, во координација со Црвен крст-Кичево, со цел да се обезбеди контролиран и безбеден процес на дистрибуција.
Градоначалникот упати апел до граѓаните за смиреност, солидарност и одговорност, нагласувајќи дека во моментов приоритет е заштитата на здравјето и безбедноста на населението.
„Веднаш штом ќе се создадат услови, ќе дејствуваме со конкретни мерки, со цел ваквите појави во иднина да бидат сведени на минимум“, порача Јовановски.
Надлежните служби и понатаму остануваат во приправност, а состојбата во Кичево редовно се следи и проценува.
Објавата на Градоначалникот со видео од поплавениот дел на Кичево може да ја видите ТУКА

![Регистрирани 617 нови случаи на КОВИД-19, починaлe 32 лица infektivna-klinika-1[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/infektivna-klinika-11.jpg)

