MKinformer

your daily dose of news

Oбид за убиство на Аца Лукас по настапот на Јахорина

11/01/2026 21:35

Српскиот пејач Аца Лукас преку својот Инстаграм профил објави дека по синоќешниот настап на Јахорина, засега непознати лица се обиделе да го убијат него и неговиот возач.

„По синоќешниот настап на Јахорина, се обидоа да ме убијат мене и мојот возач. Едвај се спасивме живи. Се обидоа да нè убијат“, напиша Лукас во објава која за кратко време се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции во јавноста.

По инцидентот, организаторите на настанот на Јахорина официјално го откажаа неговиот најавен настап, што беше потврдено и преку нивниот официјален Инстаграм профил, без дополнителни детали за причините.

Според српскиот портал Hyptv.rs, лицето со иницијали Н.М. наводно се обидело да го усмрти пејачот користејќи службен автомобил, додека Лукас во тој момент бил во возилото со својот возач. Овие информации засега не се официјално потврдени од надлежните институции.

Инаку, пред помалку од два месеци, фотографија на која заедно се појавуваат Аца Лукас и Насер Ориќ предизвика бројни реакции и контроверзии во јавноста, што дополнително го зголеми вниманието околу пејачот и неговите јавни настапи.

До овој момент, од полицијата и обвинителството нема официјално соопштение за настанот, а истрагата, доколку е отворена, сè уште не е јавно потврдена.

error: Содржината е заштитена од копирање !!