MKinformer

your daily dose of news

Утрово најстудено во Берово со 4 степени, Виница најтопла со 14

29/09/2026 8:43

Утрово најстудено во Берово е измерена температура од 4 степени, покажуваат податоците на УХМР од 8 часот.

По Берово следува Попова Шапка, каде што се измерени 6 степени.

Најтопло утрово е во Виница, со 14 степени.

Во Скопје во 8 часот се измерени 10 степени.

Денеска променливо облачно со сончеви периоди

Синоптичарите најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди.

Во југоисточните делови од земјата ќе има услови за појава на слаб дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималните температури ќе се движат од 1 до 11 степени.

Максималните ќе достигнат од 19 до 26 степени.

Во Скопје до 25 степени

Во Скопје се очекува слично време.

Утринската температура ќе се спушти до 8 степени.

Дневната ќе достигне до 25 степени.

Постудени утра до крајот на седмицата

До крајот на седмицата времето ќе остане променливо облачно со сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринските температури постепено ќе се намалуваат.

Дневните температури ќе останат во рамките на просекот за овој период од годината.

Утрово најстудено во Берово е со 4 степени, додека Виница е најтопла со измерени 14 степени.

error: Содржината е заштитена од копирање !!