Прекин на струја денеска во делови од Центар и Аеродром
14/01/2026 9:01
Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во Скопје, информира Регионален центар за управување со кризи – Скопје (РЦУК), по добиено известување од ЕВН Македонија АД.
Во периодот од 09:00 до 11:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата „Наум Наумовски Борче“ бр. 65 и околните стамбени објекти во Општина Центар.
Дополнително, од 09:00 до 15:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците од дел од улицата „Ѓорѓи Андеевиќ Кун“, во близина на основното училиште Димитар Македонски, на територија на Општина Аеродром.
Од надлежните служби посочуваат дека прекинот е планиран и ќе трае до завршување на работните активности на терен.



![Прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од Скопје поради планирани зафати struja-1-640x427[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/06/struja-1-640x4271-1.jpg)
