MKinformer

your daily dose of news

Сончево и потопло време денеска, од викендот повторно облачност и врнежи

14/01/2026 8:55

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималните утрински температури ќе се движат од -10 до -3 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 3 до 10 степени Целзиусови.

Во Скопје се очекува сончево и тивко време со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -6 степени, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Според најавите од Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР), до петок ќе се задржи стабилно и суво време, со услови за појава на утринска магла по котлините. Температурите ќе бидат во постепен благ пораст.

Во деновите од викендот се очекува зголемена облачност, со услови за слаби локални врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег. Дневните температури повторно ќе бидат во опаѓање.

error: Содржината е заштитена од копирање !!