Времето денес: Свежо и променливо облачно, на планините снег
18/03/2026 8:43
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо. Повремени локални врнежи од дожд се очекуваат претежно во западните делови од земјата.
Поради продор на постудена воздушна маса од север, на планините ќе има услови врнежите да бидат од снег. Во некои повисоки места, пак, можно е да има дожд и снег.
Ќе дува умерен ветер од источен и југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 0 до 6 степени, додека максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Какво време се очекува во Скопје
Во Скопје ќе биде променливо облачно. Во делови од котлината ќе има слаби врнежи од дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, особено претпладне. Минималната температура ќе се спушти до 4 степени, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Какво време следува во наредните денови
Во следните денови времето ќе остане променливо облачно и посвежо. Во четврток ќе има повремени локални врнежи од дожд, а во западните делови тие ќе бидат пообилни.
Поради дополнително спуштање на студена воздушна маса од север, на планините и на некои повисоки места ќе има услови дождот да преминува во снег.
Од петок стабилизација
Ќе дува умерен, а на места и повремено засилен ветер од североисточен правец. Сепак, од петок и за време на викендот се очекува стабилно и суво време.




