MKinformer

your daily dose of news

Албанското собрание го ратификуваше договорот за Одборот за мир на Трамп: Рама ќе ја претставува Албанија

22/01/2026 22:58

Албанско собрание со убедливо мнозинство го ратификуваше пристапниот договор на Република Албанија во Одборот за мир, иницијатива на американскиот претседател Доналд Трамп.

Договорот беше изгласан со 110 гласа „за“, еден воздржан и без ниту еден глас „против“. Со тоа, Албанија официјално станува дел од новиот меѓународен формат за прашања поврзани со глобалниот мир, под раководство на САД.

Пратениците, исто така, го отфрлија амандманот поднесен од опозицијата, со кој се бараше од договорот да се избрише името на премиерот Еди Рама. Амандманот беше одбиен со 79 гласа „против“, 30 „за“ и без воздржани.

Опозициските пратеници инсистираа Албанија во Одборот за мир да ја претставува шефот на државата, претседателот Бајрам Бегај, но ваквиот предлог не доби поддршка во парламентот.

Во меѓувреме, претседателот Бегај официјално го овласти премиерот Рама да го потпише договорот за членство во Одборот за мир.

„Ја однесовме Албанија, посветена на мирот, на врвот на ОБСЕ и на масата на Советот за безбедност на Обединетите нации, каде со гордост и чест ги поставивме албанското знаме и нацијата“, изјави Рама.

Со ова гласање, Албанија испраќа јасна политичка порака за поддршка на новата американска иницијатива за глобална безбедност и мир, во време на засилени геополитички тензии.

error: Содржината е заштитена од копирање !!