MKinformer

your daily dose of news

Рама: Албанците од Македонија „жртви на политички каравани“

22/06/2026 8:30

Рама ги нарече Албанците од Македонија „жртви на политички каравани“

Протестите на движењето „Фламинго револуција“ продолжија и вчера во Тирана, со масовно учество на Албанци од дијаспората, но и од Косово и Северна Македонија. Албанскиот премиер Еди Рама, кој е главна мета на протестите, остро ги критикуваше организаторите што, според него, довеле Албанци од Приштина и Тетово на митинзите, нарекувајќи ги „жртви на политички каравани“.

Марш низ Тирана со пароли за оставка

Собраните граѓани прво се собраа на плоштадот Скендербег, а потоа се упатија кон зградата на Владата, каде беа одржани говори. Демонстрантите скандираа пароли како „Нова Албанија“„Дојде крајот за тебе“ и „Рама, поднесете оставка“.

По обраќањето, тие маршираа низ улиците на Тирана, со што го завршија протестот. Вчерашниот митинг беше особено масовен поради присуството на Албанци од дијаспората и соседните држави.

Рама: Албанците од Македонија не се дијаспора

Еди Рама, преку објава на социјалните мрежи, ги отфрли наводите дека Албанците од Македонија и Косово се дел од „дијаспората“:

„Албанците од Северна Македонија не се дијаспора на Албанија на туѓа територија. Заедно со Македонците, тие се составен народ во својата земја. Дијаспората се емигранти кои живеат во странски земји, а не тие, ниту Албанците од Косово, кои имаат своја независна држава.“

Со оваа изјава, Рама направи јасна разлика помеѓу албанските заедници во регионот и емигрантската дијаспора, истовремено критикувајќи ги организаторите на протестите за, како што рече, инструментализација на Албанците од соседните држави.

22 дена протести

Албанија веќе 22 дена е во континуирани протести, наречени „Револуција на Фламинго“. Причината е контроверзниот проект за изградба на луксузен туристички комплекс, поврзан со Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Демонстрантите бараат:

  • прекин на проектот,

  • укинување на законот за стратешки инвестиции,

  • измени на регулативите за заштитените подрачја,

  • оставка на премиерот Рама.

Протести се одржаа и во албанската дијаспора во САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Шведска и Австралија.

error: Содржината е заштитена од копирање !!