Шофер на приватен автобус и уште едно лице претепале Скопјанец на паркинг во Карпош
27/01/2026 14:48
Во недела во 15:50 часот, во СВР Скопје, В.П. (29) од Скопје пријавил дека бил физички нападнат од возач на автобус и уште едно лице.
Според пријавата, инцидентот се случил на паркинг простор на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање во автобус сопственост на приватна фирма.
По излегувањето од автобусот, конфликтот ескалирал, по што пријавителот бил физички нападнат од возачот и уште едно лице. Засега нема информации за тежината на повредите.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, како и за утврдување на сите околности и евентуална кривична одговорност на инволвираните лица.





